На Енфилд попладнево се игра посебен натпревар во чест на Диего Жота. Португалскиот репрезентативец и играч Ливерпул, кој летово за време на паузата во сообраќајна несреќа го загуби живот.
Ливерпул и Вулверхемптон беа двата клуба од Премиер лигата за кои настапуваше Жота. На почетокот на дуелот и децата на Жота заедно со екипите беа на теренот.
Во 20.минута повеќе од 60.000 навивачи на Енфилд стоејќи аплаудираа една минута како знак на почит за играчот, кој го носеше дресот со број 20.
Во текот на вчерашниот ден делегација на Вулверхемптон положи цвеќе пред стадионот Енфилд.
Натпреварот заврши со победа на Ливерпул од 2:1