Поранешниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, моментно е без ангажман. Иако знае дека наскоро ќе има можност повторно да седне на тренерската клупа.
Откако ги одби Баерн Минхен и Ливерпул во пролетта 2024 година за да остане во Леверкузен, ситуацијата сега е поинаква.
Се чини дека „Енфилд“ е дестинацијата што најмногу го привлекува Алонсо.
Веста за навивачите на Мерсисајд е охрабрувачка, бидејќи Алонсо е решен еден ден да се врати на „Енфилд“.