Англискиот фудбалски гигант Ливерпул ги комплетира трансферот на Гиорги Мамардашвили и грузискиот голман си обезбеди иднина на „Енфилд“.
Сепак, вториот дел од договорот вели дека Мамардашвили сезонава ќе остане во Валенсија и дури следното лето ќе се пресели во редовите на премиерлигашот.Ливерпул за Грузиецот ќе плати 25 милиони фунти, плус евентуални 4 милиони во вид на бонуси.
Актуелниот прв голман на „црвените“, Алисон Бекер, има уште две години од договорот и летово одбил примамлива понуда од Саудиска Арабија за да остане во Ливерпул.