Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси е пред потпис на нов договор со својот клуб Интер Мајами.
Ова го откри претседателот на оваа екипа, Хорхе Мас. Тој кажа дека очекува Меси да заигра дури и на новиот стадион кој ќе биде пуштен во употреба во 2026 година.
„Очекувам Меси да заигра за Интер Мајами и на новиот стадион, а тоа ќе биде во 2026 година. Ова е важна одлука за нас, разговараме активно за неговата иднина во клубот“, откри Мас.
Желбата на Меси е јасна, тој сака да заигра за Аргентина на СП кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.