На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку клучни одлуки. Меѓу другото назначен беше нов генерален секретар. Во иднина оваа функција ќе ја извршува Леонид Јандреоски.
Поранешниот фудбалер е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.
28-годишниот Леонид Јандреоски е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистерски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент.
Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекна и сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.