Германскиот фудбалер Леон Горецка има договор со Баерн Минхен до 2026 година и од „Алијанц Арена“ би сакале да се разделат со него сега, а не следното лето, кога тој веќе ќе биде во последната година од договорот.
Голем интерес за Германецот покажуваат Атлетико Мадрид и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент за да се реализира трансферот.