Македонската фудбалска тренерска легенда Андон Дончевски денес ги посети нашите најдобри фудбалери кои се подготвуваат за новите натпревари во Лигата на нации.
Дончевски, кој живее во Австралија, пред извесен период се врати во татковината и не ја испушти можност да ги поздрави репрезентативците на Милевски и да им посака среќа и успех на натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации.
Македонија в четврток ќе гостува кај Летонија, а три дена подоцна во Ереван ќе играме против добро познатиот противник – Ерменија.