Фудбал

Лацио има нов тренер

Лацио има нов тренер

Неодамна беше потврдено дека Игор Тудор го напушта Лацио по само неколку месеци поминати на клупата, а денеска римскиот клуб го објави и името на тренерот кој го наследува.

Наследник на Тудор е искусниот Марко Барони кој во изминатата сезона ја водеше екипата на Верона и заврши на 12. позиција во Серија А.

Барони е 61-годишен тренер со големо искуство, но досега не работел во екипа од горниот дел на табелата во Серија А. Во кариерата претходно ги водеше Пескара, Новара, Беневенто, Фросиноне, Кремонезе, Реџина и Лече.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барони бил голема желба на Лотито, додека ултрасите на Лацио сметаат дека овој човек не се совпаѓа со амбициите кои ги има клубот.

To top