Фудбал

Ла Лига ја одобри регистрацијата на Дани Олмо

Ла Лига ја одобри регистрацијата на Дани Олмо

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо и во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Барселона, откако Ла Лига ги прифати гаранциите на каталонскиот гигант и ја одобри регистрацијата на фудбалерот.

Со ова заврши сагата околу дополнителната регистрација на Дани Олмо, чија иднина во дресот на Барса беше сериозно загрозена.

Жоан Лапорта и неговите соработници направија максимални напори да ги обезбедат финансиските средства, Барселона успеа да го задоволи финансискиот фер-плеј и Ла Лига дури во третиот обид го одобри регистрирањето на Дани Олмо.

To top