Фудбал

ЛА Галакси посакува да го доведе Каземиро

ЛА Галакси посакува да го доведе Каземиро

Лос Анџелес Галакси ја разгледува можноста за ангажман на Каземиро од Манчестер Јунајтед унајтед како слободен играч.

Бразилскиот репрезентативец веќе потврди дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ по истекот на договорот во јуни, а неговото име е поврзано и со можен трансфер во клуб од Саудиска Арабија.

Каземиро пристигна во Манчестер јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид и досега забележа 148 натпревари за Црвените ѓаволи, постигнувајќи 22 гола.

To top