Претставува пример за многумина, симбол на македонскиот фудбал, спортист за пример и идол на многу дечиња.
Од плејадата успешни македонски спортисти кои достојно ја претставуваат нашата држава во странство и вистински спортски амбасадор.
Од оваа година е член на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, но ништо не може да се спореди со тоа што го чувствува кога ги браните боите на македонската фудбалска репрезентација – Столе Димитриевски.
Шпанија е неговата земја каде настапува на клупски план, стана симбол на Рајо Ваљекано пред оваа лето да се реши да го напушти овој тим и да ја прифати понудата на Валенсија. Се за него, за животот во Шпанија, што значи македонската репрезентација за него ќе можете да го проследните разговорот и интервјуто со нашиот прославен голман, Столе Димитриевски.
Оваа година направи трансфер во Валенсија од Рајо Ваљекано? Што беше причината за да ги смениш боите на клубот?
– За разлика од другите луѓе јас не ја сакам таа комфор зона, туку барам нова цел, нов предизвик. Во Рајо Ваљекано поминав прекрасен период од мојот живот и мојата професионална кариера каде се запишав како играч со највеќе настапи во оваа екипа. Голема е почитаа од нвна страна , но на крајот иако ми беше понудено да останам и понуден нов договор се решив да ја прифатам понудата на Валенсија. Традицијата, историјата и големината на клубот беа пресудни за да се решам да ја прифатам нивната понуда и да останам во Примера, но само го сменив клубот.
Што претставува за тебе настапот за македонската фудбалска репрезентација?
„Кога се интонира химната пред секој натпревар јас сум горд. Ја пеам химната со срце. Секогаш сум велел дека иако сум од мала земја се гордеам со нејзе, се гордеам со тоа што сум Македонец, се гордеам со мојата нација, со сите во мојата Македонија. Искрено за мене нема поголемо чувство од тоа да играм, да бранам за македонската репрезентација. За мене секој меч е најважен кога игра Македонија. Јас сум пресреќен што имам чест да бидам дел од репрезентацијата. Сакам мене да ме паметат и да бидат горди сите на мене, од моето семејство до сите што се во Македонија.
интервјуто го реализираше:
Бошко Тасиќ – редакција курир.мк
Ристе Здравков – техничка реализација редакција курир.мк