Фудбал

Кун Агуеро ja тужи Барселона за долг од три милиони евра

Кун Агуеро ja тужи Барселона за долг од три милиони евра

Иако имаше договор на две сезони со Барселона, сепак постигнаа договор да му биде исплатена само првата сезона, а „каталонците“ планираа тие три милиони евра да ги покријат од осигурувањето кое го имаат фудбалерите.

Сепак, осигурувањето одби да го плати тоа, обвинувајќи го фудбалерот и неговиот менаџер дека знаеле за срцевите проблеми и не го известиле клубот кога потпишале, нешто што категорично беше негирано.

Сега Агуеро се обидува да ја „седне“ Барселона на маса и да се договорат, па затоа е покренат судски спор, а целта е вонсудски да се договорат.

Фудбалерот е подготвен да прифат и исплата на рати, со што парите би ги добивал во рок од пет години.

To top