Фудбал

Крос: Едноставно Реал Мадрид не губи финале!

Крос: Едноставно Реал Мадрид не губи финале!

Шпанскиот Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите по петнаесетти пат, откако ја победија Борусија Дортмунд со 0-2 на „Вембли“.

Овој натпревар беше последен за Тони Крос кој беше испратен како вистинска легенда на фудбалот. Германецот не можеше ниту да посака подобро простување од спортот на кој му го посвети животот.

„Не можев да испланирам моето повлекување да биде по освоен трофеј во Лигата на шампионите. Веројатно има и полош начин да се замине во пензија… Делува дека дури и кога не сме најдобри во овие натпревари, не можеме да загубиме. Менталитетот на Реал Мадрид е неверојатен, едноставно не губиш финале. Сите во тимот веруваат до самиот крај, мислам дека тоа го двои овој клуб од сите останати“, изјави Крос.

На Тони Крос му преостанува уште да го одигра Европското првенство со Германија на кое се домаќини.

To top