Фудбал

Кристијано Роналдо се враќа во Европа?

Кристијано Роналдо се враќа во Европа?

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Она што беше бајка за него во С. Арабија, во Ал Наср веројатно престанува да биде по најновите случувања, па така тој би можел наскоро да си замине од тој клуб од кој зема 200 милиони евра годишно и има договор до 2027 година.

Според информациите што доаѓаат од Саудиска Арабија, односите меѓу португалската ѕвезда и клубот се сериозно нарушени и затоа се поставува прашањето кој ќе биде следниот потег на Португалецот, каде ќе ка продолжи кариерата.

Спортинг Лисабон е клубот каде што Роналдо ја започна својата професионална кариера.


Друга опција доаѓа од Италија, Комо 1907, клуб предводен од Цеск Фабрегас и во сопственост на богатото индонезиско семејство Хартоно, има финансиска моќ да даде сериозна понуда.


Третата опција води преку Атлантикот. Интер Мајами се споменува со години како дестинација за најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Манчестер Јунајтед, барем во теорија, се појавува како можност за помирување.
Роналдо го напушти “Олд Трафорд“ во тешка атмосфера по интервјуто со Пирс Морган, но промените во клубот оставаат простор за нов почеток.

To top