Екипата на Ал Наср ја оствари третата победа во саудиското првенство откако на домашен терен ја совлада Ал Вехда со 2-0.
Стрелец на еден од головите беше Кристијано Роналдо кој погоди од пенал за својот четврти гол оваа сезона во домашното првенство.
Португалецот сепак е далеку од врвот на листата на стрелците каде се наоѓа Александар Митровиќ со осум погодоци и тоа со натпревар помалку.
Интересно е тоа што денешниот гол беше 17. од пенал за Кристијано Роналдо од 17 удари колку што изведе откако настапува во Саудиска Арабија.