Фудбал

Кристијано Роналдо го постигна 900 гол во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го постигна 900 гол во својата кариера (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт Кристијано Роналдо на оваа средба успеа да го постигне 900 гол во кариерата.

Стрелаше во 34 минута кога Нуно Мендеш имаше фантастичен центаршут од левата страна, фудбалерот на Ал Наср се најде на вистинското место и од пет метри ја смести топката во противничката мрежа во победата од 2:1 на Португалија.

Кристијано Роналдо со овој гол постави уште еден рекорд кој тешко дека ќе биде соборен во блиска иднина, а колку тоа му значи најдобро се отсликува со тоа што откако ја погоди мрежата на хрватската репрезентација, падна на колена и заплака.

To top