Фудбал

Кристијано Роналдо го нападна Тен Хаг

Кристијано Роналдо го нападна Тен Хаг

Кристијано Роналдо на контроверзен начин си замина од Манчестер, а сега, повторно имаше свој коментар за тоа што се случува во редовите на најтрофејниот клуб во Англија.

„Манчестер Јунајтед треба да гради тим од почеток. Тренерот не може да каже дека не е сособен да се бори за титулата во првенството и за трофејот во Лигата на шампиони. Како тренер на Манчестер јунајтед едноставно не можеш да го кажеш тоа. Имаш право да мислиш дека екипата нема потенцијал, но не смееш тоа јавно да го кажеш. Треба да се каже дека секогаш ќе се борат за трофеите“, изјави Роналдо кој беше гостин на поткаст на Рио Фердинанд.

To top