Данскиот фудбалски репрезентативец, Кристијан Ериксен во натпреварот против Србија испиша рекорд станувајќи фудбалерот со најголем број на настапи за својата селекција.
Играчот за врска против Србија по 133-ти пат истрча во дресот со националниот тим.
Досега рекордот го држаше Симон Кјаер со 132 настапи. Кајаер исто така е во составот на репрезентацијата, но се уште не добил шанса за настап на ова Европското првенство.