Фудбал

Кристијан Ериксен најави заминување од Манчестер Јунајтед

Кристијан Ериксен најави заминување од Манчестер Јунајтед

Данскиот фудбалер од средниот ред Кристијан Ериксен најави заминување од англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.

Договорот на Ериксен истекува на крајот на актуелната сезона и според неговите зборови нема да биде продолжен.

„Мојот договор истекува ова лето и подготвен сум да побарам нешто ново“, изјави Ериксен на прашањето од новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Данска и Португалија кој се игра в четврток.

Ериксен додаде и дека никој од клубот не го контактирал продолжување на договорот.

„Поради тоа претпоставувам и дека соработката тука ќе заврши“, искрен беше Данецот.

To top