Фудбал хрватска

Крај на седумгодишната доминација на Динамо Загреб – Ријека е нов шампион на Хрватска!

Запрена е седумгодишната доминација на Динамо Загреб во хрватскиот шампионат. По седум едноподруго титули за „модрите“ во Хрватска, сега Ријека е нов шампион за сезоната 2024/25.

По сезоната 2016/17 кога ја освои шампионската круна, Ријека сега повторно е шампион доаѓајќи до својата втора титула во историјата благодарение на победата од 2-0 против Славен Белупо пред своите навивачи.

Оваа победа, во крајно драматичното последно коло, беше доволна за титула на Ријека која заврши со ист број бодови на врвот со Динамо Загреб, но поради подобриот меѓусебен скор на крај е шампион. Стрелци на головите за Ријека за триумф над Славен Белупо беа Јанковиќ и Фрук.

Победи и Динамо Загреб со 1-0 против Вараждин, но оваа победа не можеше да им ја донесе повторно титулата.

Во 34 шампионати во независна Хрватска, ова е само втора титула за Ријека, шест има Хајдук а една е на ФК Загреб, сите останати, дури 25, се на Динамо Загреб.

To top