По ремито со Казахстан од 1-1 и разочарувањето во нашиот табор беше очигледно.
„Тежок натпревар. Не успеавме да го постигнеме тој втор гол. Мислам дека имавме убави шанси за втор погодок и победа. Но, едноставно денес не успеавме да реализираме кога беше најпотребно и да го потврдиме бодот од Гент Тежок терен, тежок ритам, исцрпувачки. Нема назад, одиме понатаму. Имаме уште еден натпревар во групата и да одиме максимално подготвени во Велс
Едноставно како да не држеше тој замор од Белгија .
Казахстан во првиот дел беше многу мотивиран, посилен во дуелите и поагресивен. Во второто полувреме ја сменивме формацијата, тргнавме поофанзивно и похрабро, но примивме несреќен гол. Потоа успеавме навреме да се израмниме на 1-1 , но немавме среќа за уште еден погодок. И јас имам голема шанси и Никола исто така, но среќата не не посака. Според прикажаното и шансите мислам дека заслуживме да победиме на овој натпревар, макар и со еден гол разлика“, рече Костадинов.