Фудбал

Косово ќе поднесе жалба до УЕФА поради Лигата на Нации

Косово ќе поднесе жалба до УЕФА поради Лигата на Нации

Косовската фудбалска Федерација (ФФК) најави дека ќе поднесе жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради паролите против Косово кои се слушнаа на натпреварите од Лигата на нации меѓу Чешка – Албанија и Србија – Швајцарија.

Од ФФК изјавија дека ваквите инциденти се во целосна спротивност со вредностите што ги застапува УЕФА, а меѓународната фудбалска заедница треба да послужи како моќна платформа за промовирање на мирот, соживотот и еднаквоста меѓу федерациите.

Србија во саботата во Лесковац ја победи Швајцарија со 2:0, а во петокот во Прага репрезентацијата на Чешка со идентичен резултат ја совлада Албанија.

To top