Фудбал

Конор Галагер потпиша за Атлетико Мадрид

Конор Галагер потпиша за Атлетико Мадрид

Шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид го објави трансферот на фудбалерот на Челси, Конор Галагер.

Тој потпиша договор до 2029 година, а Атлетико за него на англискиот клуб ќе му плати 42 милиони евра.

Минатата сезона Галагер учествуваше на 50 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Челси, ја носеше и капитенската лента, а постигна седум гола и девет асистенции.

To top