Германецот Јирген Клоп, кој го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2023-2024, денеска ја отфрли можноста наскоро повторно да биде тренер.
„Од денеска завршив како тренер“, рече Клоп за време на говорот во Здружението на германски фудбалски тренери во Вирцбург.
„Не решив да се откажам од каприц, тоа беше сеопфатна одлука“, објасни 57-годишниот германски тренер, кој го напушти Ливерпул наведувајќи дека е исцрпен по 23 годишен ангажман како тренер на Мајнц, Дортмунд и Ливерпул.
Клоп рече дека сè уште сака да работи во фудбалот и да помага со искуство и контакти.
„Ќе видиме дали ќе има друга можност“, рече тој.
Под негово водство Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а во 2020 година ја освои титулата во Англија која навивачите ја чекаа 30 години.