Фудбал Италијанско фудбалско првенство

Киву по победата над Јувентус: Интер покажа карактер, победивме голем тим

Јувентус цело второто полувреме го играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пјер Калулу во 42. минута.

Киву по победата над Јувентус: Интер покажа карактер, победивме голем тим

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги пофали своите фудбалери по успехот во синоќешното дерби со Јувентус.

Интер на свој терен победи со 3:2 во меч од 24. коло од Италијанското фудбалско првенство.

-Бевме ограничени во нашите постапки и во она што сакавме да го понудиме. Игравме против голем тим кој ни создаде многу предизвици. Тие заслужуваат комплименти. Но, благодарение на нашиот карактер и она што ни требаше, успеавме да победиме. Во финишот при наше водство 2:1 требаше да го приведеме мечот кон сигурен крај. Можеби стравот да не победиме не совлада. Но, на крајот, моите фудбалери се издигнаа, изјави Киву.

Јувентус цело второто полувреме го играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пјер Калулу во 42. минута.

Интер е на врвот на табелата во Серија А со 61 бод по 25 натпревари.

Тимот од Торино остана на 46 бода и е петти во поредокот. (МИА)

To top