Францускиот фудбалски репрезентативец Кингсли Коман до крајот на преодниот рок ќе го напушти Баерн Минхен.
Крилниот напаѓач се поврзува со клубови од Премиер лигата, но француските медиуми тврдат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Баерн Минхен е подготвен да го продаде 28-годишниот напаѓач во Ал Хилал. Французинот минатата сезона одигра 17 натпревари во Бундеслигата и постигна три гола.