Фудбал

Килијан Мбапе се повреди, го пропушта дербито со Атлетико Мадрид

Килијан Мбапе се повреди, го пропушта дербито со Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе заработи повреда на натпреварот против Алавес кој може да го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид овој викенд.

Мбапе го напушти теренот во 80. минута каде почувствува болка во левата нога и му сигнализираше на тренерот Карло Анчелоти дека сака замена.

Французинот подложен на дополнителни тестови, по што ќе биде јасно дали ќе биде достапен за пресметката на „Метрополитано“ на 29 септември.

Мбапе има седум гола во девет натпревари за Реал во сите натпреварувања сезонава.

To top