Фудбал

Киеза заминува од Јувентус

Киеза заминува од Јувентус

Јувентус на крајот од оваа сезона ќе остане без еден од своите најдобри фудбалери, откако преговорите со Федерико Киеза за продолжување на соработката веќе извесен период се во застој.

Крилниот офанзивец е еден од најдобрите играчи на „старата дама“, но честите повреди го спречуваат да одигра неколку натпревари во низа.

Киеза бара значително зголемување на платата за да потпише нов договор, а челниците на Јувентус немаат намера да му ја зголемат сегашната плата на фудбалерот кој пропушти повеќе од половина од натпреварите на тимот во последните две сезони.

Меѓу двете страни нема „зла крв“, но и на самиот играч и на директорот Џунтоли им е јасно дека разделба би била најдобра опција и за фудбалерот и за самиот клуб.

To top