Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне изјави дека ќе размисли за преселба во некој од клубовите во Саудиска Арабија кога ќе заврши со настапот во Премиер лигата.
Тој кажа дека ќе разговара со семејството, од кое многу ќе влијае на неговата идна дестинација.
„За мојата сопруга Мишел, егзотичната авантура е добра. Ова се разговорите што се повеќе ги водиме како семејство. Имам уште една година од договорот и треба веќе да почнам да размислувам што понатаму“, изјави Де Брујне за белгиската телевизија ВТМ, пренесе Скај.Кевин