Белгискиот фудбалер од средината на теренот Кевин Де Брујне наскоро ќе се врати на фудбалските терени откако го пропушти ремито на Манчестер Сити со Арсенал на домашен терен 2-2 изминатиот викенд а тоа го најави тренерот на актуелниот англиски шампион Пеп Гвардиола.
Де Брујне се пожали на болки во препоните на натпреварот против Интер во Лигата на шампиони во средата.
Следниот натпревар е против Ватфорд во Лига купот, а потоа Сити има средба со Њукасл во Премиерлигата