Според медиумите на Островот, најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, иако има уште една година договор, го напушта „Етихад“ и се сели во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Итихад каде што за тренер од пред кусо време е поставен Лоран Блан.
Наводно Де Брујне се договорил со челниците на Ал Итихад, сега останува клубовите да се договорат за висината на отштетата.