Селекторот на Белгија Доменико Тедеско, откри дека Де Брујне повторно има проблеми со повредата на препоните.
Поради тоа ѕвездата на Сити не е во списокот за пријателските натпревари на Белгија против Ирска и Англија во март.
„Во последните неколку натпревари Кевин чувствува болка. Решивме дека е подобро да остане во Манчестер и да биде целосно подготвен за Европското првенство“, изјави Тедеско.