Фудбал

Кевин Де Брујне објави кој ќе биде неговиот следен клуб

Кевин Де Брујне објави кој ќе биде неговиот следен клуб

Еден од најдобрите играчи за врска Кевин Де Брујне во светот во изминативе неколку години, изјави дека не го знае името на неговиот следен клуб, но знае што бара и што треба да понуди клубот за да го добие неговиот потпис.

„Отворен сум за секој клуб кој сака да понуди добар проект. Сакам да бидам во клуб кој ќе има добар план. Мислам дека уште можам да играм на врвно ниво и затоа ако се појави проект кој ќе биде прифатлив за мене и за моето семејство, лесно ќе донесам одлука. Дали би заиграл за друг клуб во Премиер лигата? Искрено да кажам, не знам. Премногу долго размислував пред да одлучам да си заминам од Манчестер сити“, рече Де Бројне, кој во кариерата освен во Сити има играно и во Волфсбург, Вердер, Челзи и Генк.

To top