Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, ги сподели своите очекувања за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Во осминафиналето, тимот од Минхен ја победи Аталанта со вкупен резултат 10:2. Триесет и двегодишниот Кејн беше прогласен за најдобар играч на натпреварот во реваншот против италијанскиот тим (4:1), кој се одржа синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен.
– Следниот противник е многу тежок. Кога играте против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, секогаш очекувате тежок натпревар. Ќе бидеме подготвени. Не се плашиме од никого. Знаеме дека ќе биде тешко. Треба да продолжиме со добрата работа благодарение на самодовербата што ја стекнавме од натпреварот против Аталанта и оваа сезона, изјави Кејн за клупскиот сајт на Баерн.
Другите три двојки за четвртфиналето се:
ПСЖ – Ливерпул
Барселона – Атлетико Мадрид
Арсенал – Спортинг.
Натпреварите во оваа фаза ќе се одржат на 7/8 април и 14/15 април.