Фудбал

Кејн: Време е да испишеме историја

Кејн: Време е да испишеме историја

Капитеноот на фудбалската репрезентација на Англија Хари Кејн после победата над Холандија изрази големо задоволство од играта на своите соиграчи.

– Испишавме историја. Неверојатно достигнување, горд сум, беше тежок турнир. Преостана уште еден натпревар во недела. Оли чекаше, беше трпелив, каков финиш. Мислам дека бевме подобриот тим, особено во првото полувреме. Заслуживме да победиме, јас бев среќен што излеговме, а потоа постигнавме гол – рече Кејн.

Англиската репрезентација ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј на ЕУРО.

– Имаме уште еден натпревар за да испишеме историја, 90 минути, пенали, што и да е потребно –  заврши со изјавата Кејн.

To top