Фудбал фудбал

Кејн: Ова е ужасно болно и ќе боли многу долго

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата европски шампион по рекорден четврти пат во историјата, победувајќи ја англиската репрезентација со 2:1 во неделното финале на Олимпискиот стадион во Берлин

Така, Шпанците ја освоија четвртата титула во своето петто финале, додека Англичаните вторпат по ред загубија во финалето, бидејќи пред три години на нивниот Вембли беа поразени од Италијанците во пенал рулетот.

„Тешко е да се каже со зборови како се чувствуваме сите во моментов. Беше многу тежок натпревар. Добро се вративме во игра и баравме победа. Да примиме гол во последните минути е навистина тешко да се прифати. “, изјави по натпреварот капитенот на Англија, Хари Кејн.

“Се мачевме во првото полувреме. Не можевме да ја задржиме топката. Второто полувреме беше подобро, но не успеавме. Пропуштивме голема шанса. Не е лесно да се дојде до финалето и кога ќе влезеш во него, мора да го искористите тоа. Не успеавме.“

„Ова е ужасно болно и ќе боли многу долго. Не знам дали Герет ќе замине. Му треба време да одлучи. Сакавме да ја освоиме титулата за него“.

To top