Фудбал еуро 2024

Кејн: Ние сме дојдени по пехарот

Хари Кејн не ја криеше гордоста откако Англија стигна до ново финале на европските шампионати. Големата битка со Холандија беше добиена со гол во судиското продолжение, со што „гордиот албион“ се избори за место во борбата за титулата против Шпанија, селекцијата што не знае за пораз на овој шампионат.

Сепак, Кејн јасно стави до знаење дека Англичаните без преголем респект кон противникот ќе влезат во големото финале, со желба конечно да стигнат до пехарот.

„Чувството е навистина специјално, ова е огромен успех бидејќи стигнавме до финалето во една жестока конкуренција. Ова е наше прво финале на странско тло, што само го потврдува карактерот што го поседуваа оваа група на играчи. Сите можеме да бидеме горди, едвај го чекаме финалето. Не планираме да застанеме, уште еден меч е пред нас, а јас реков уште пред почетокот на шампионатот, ние сме дојдени по пехарот“, изјави Кејн.

Тој се осврна и на спорниот момент од првото полувреме и досудениот пенал за Англија по стартот на Дамфрис врз него.

„Контактот беше силен, чувствував дека ногата малку и ми отекува. Сепак, собрав сили, го изведов пеналот и дадов гол. Сакам да преземам одговорност во такви ситуации и го сторив токму тоа“, прокоментира англискиот капитен.

To top