Фудбал договор

Кејн има клаузула – уште зимава можел да си оди од Баерн

Германскиот весник Bild денеска ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со Баерн, откривајќи дека Англичанецот можел да ги напушти Баварците оваа зима.

Кејн има клаузула – уште зимава можел да си оди од Баерн

Германскиот весник Bild денеска ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со Баерн, откривајќи дека Англичанецот можел да ги напушти Баварците оваа зима.

Кејн има клаузула во договорот со Баерн според која можел да замине за 80 милиони евра во завчера завршениот преоден рок, но ниту еден клуб или не сакал да ја искористи таа опција или не бил свесен за нејзиното постоење.

Очигледно Кејн во овој момент не ни сакал да го напушти Баерн, бидејќи е среќен во Минхен и сака да продолжи да игра за германскиот гигант.

Сепак, Bild пишува дека клаузулата ќе биде активна следната зима, кога ќе треба да се плати уште помала сума за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Откупната клаузула тогаш ќе биде 65 милиони евра, а Баерн на тој начин се соочува со заминување на својата главна ѕвезда, која, според многумина, сега ја има отворена вратата за враќање во Премиер лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем.

Тотенхем го продаде Кејн на Баерн за 95 милиони евра летото 2023 година, а оттогаш Англичанецот постигна 70 голови и забележа 22 асистенции на 72 натпревара.

Според Bild, Баерн веќе се подготвува за заминување на Кејн и неодамна преговарал со челниците на Лајпциг за трансфер на Словенецот Бенјамин Шешко.

To top