Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Касемиро, ја отфрли можноста да остане на „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.
Јунајтед во јануари објави дека Касемиро ќе го напушти „Олд Трафорд“ на лето, кога ќе му истече четиригодишниот договор.
-Сè уште навистина уживам во времето кое го минувам во Манчестер Јунајтед. Овој клуб е голем и навивачите беа одлични кон мене, но не сум се предомислил, рече Касемиро.
-Сигурен сум дека моите последни натпревари за Манчестер Јунајтед ќе бидат тешки. Нашата цел е да го вратиме Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, додаде Касемиро, кој му помогна на тимот да победи на седум од последните десет натпревари.