Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, остро ги нападна соиграчите по поразот 3:2 синоќа од Албасете во осминафиналето на Купот на кралот.
– Го допревме дното. Елиминирани сме од тим од втората лига и им честитам за тоа. Почнувајќи од денес, треба да спроведуваме индивидуална и колективна критика. Сè уште имаме време да се вратиме оваа сезона. Нè очекуваат два фантастични турнири, за кои мора да се бориме. Реал Мадрид не е во најдобра форма во моментов, па затоа треба да работиме напорно. Сите треба да дадеме многу повеќе, а тоа е реалноста.
Им се извинуваме на навивачите. Не сме го достигнале нивото што го бара овој клуб. Ветуваме дека ќе дадеме сè од себе во натпреварите во наредните месеци за да се промени ситуацијата, изјави Карвахал за „Um Madridista“.
Ова беше прв натпревар за мадридскиот тим под водство на тренерот Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо на почетокот на неделата.