Фудбал познат е новиот предизвик во кариерата на италијанскиот стратег

Карло Анчелоти си заминува од Реал Мадрид

Карло Анчелоти си заминува од Реал Мадрид

Карло Анчелоти ќе го заврши вториот мандат на кормилото на Реал Мадрид по крајот на оваа сезона, но трофејниот Италијанец нема да остане без работа и веќе е подготвен теренот за новиот негов ангажман.

Неговиот следен ангажман ќе биде како селектор и тоа како предводник на Бразил, пренесува Фабрицио Романо. Двете страни во основа постигнале договор и дон Карло ќе ги води „кариоките“ на Светското првенство во 2026 година.

Ако се биде како што треба првите мечеви на Анчелоти на клупата на Бразилците треба да бидат на 6 и 10 јуни против Еквадор и Уругвај, односно сето ова значи дека Реал ќе го води друг стратег на Светското клупско првенство.

To top