Карло Анчелоти веднаш активираше барање за ангажман на итно засилување на Реал Мадрид.
Уште во текот на денешниот ден, како што пренесуваат шпанските медиуми, Анчелоти побарал од Флорентино Перез ангажман на нов десен бек уште сега, во месец јануари.
Дани Карвахал отсуствува до крајот на сезоната, Лукас Васкез не одговара најдобро на предизвиците а Федерико Валверде е понеопходен како опција во средниот ред.
Токму затоа, не е тајна дека Анчелоти побарал од Перез уште во јануарскиот преоден рок да биде доведен фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд кој веќе извесен период е на радарот на „кралевите“.