Фудбал сп 2026

Карло Анчелоти би можел да го води Бразил на Светското првенство 2026

Бразилската фудбалска конфедерација оди на сѐ или ништо и го сака Карло Анчелоти на клупата за Светското првенство во 2026 година.

Карло Анчелоти би можел да го води Бразил на Светското првенство 2026

Бразилската фудбалска конфедерација оди на сѐ или ништо и го сака Карло Анчелоти на клупата за Светското првенство во 2026 година.

Веќе беше објавено за ова, а сега стигна потврда од најсигурните бразилски медиуми кои информираат дека Анчелоти не ја исклучува можноста да биде селектор на Бразил.

Бразилците пишуваат дека селекторот Доривало Жуниор се подготвува за отказ, а тој дефинитивно нема да ја води репрезентацијата на Мундијалот. Анчелоти е прв избор, а се споменува дури и Фелипе Луис кој има одлични резултати на клупата на Фламенго.

Сепак, Бразилците го чекаат Анчелоти, кој не ја исклучува можноста за преговори, бидејќи е свесен дека доколку Реал Мадрид не освои трофеј оваа сезона, никој нема да му гарантира останување.

Сигурно треба да се нагласи дека Анчелоти нема да преговара пред заклучувањето на претстојното Светско клупско првенство, кое за прв пат ќе се одржи во нов формат со 32 учесници на почетокот на летово.

To top