Фудбал нема играчка

Кардиолог од Шпанија му препорачува на Гудељ да ја заврши фудбалската кариера

Кардиолог од Шпанија му препорачува на Гудељ да ја заврши фудбалската кариера

Шпанскиот кардиолог Виктор Лопес го советува спскиот фудбалски интернационалец Драгиша Гудељ од редовите на третолигашот Кордоба да ја заврши својата играчка кариера откако во неделата повторно колабирал на натпревар.

Ова е вторпат за девет месеци Гудељ да падне како покосен на теренот.Кардиологот Лопес потенцира дека братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ останал жив благодарение на дефибрилаторот кој му е вграден во март годинава кога 13 минути имал срцев застој.

Го вратиле во живот лекарите, по што му е вграден дефибрилатор. Оваа здравствена ситуација според Лопес за фудбалерот треба да биде сериозно предупредување дека треба да престане да се занимава со фудбал.

To top