Шпанскиот кардиолог Виктор Лопес го советува спскиот фудбалски интернационалец Драгиша Гудељ од редовите на третолигашот Кордоба да ја заврши својата играчка кариера откако во неделата повторно колабирал на натпревар.
Ова е вторпат за девет месеци Гудељ да падне како покосен на теренот.Кардиологот Лопес потенцира дека братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ останал жив благодарение на дефибрилаторот кој му е вграден во март годинава кога 13 минути имал срцев застој.
Го вратиле во живот лекарите, по што му е вграден дефибрилатор. Оваа здравствена ситуација според Лопес за фудбалерот треба да биде сериозно предупредување дека треба да престане да се занимава со фудбал.