Реал Мадрид ремизираше со Атлетико во градското дерби. Иако кралевите поведоа во 20. минута со голот на Брахим Дијаз и водеа цел натпревар, Атлетико успеа да ги шокира во 93. минута кога Маркус Љоренте ја смести топката во мрежата за 1:1 и голем бод за гостите.
По натпреварот следуваше нов шок за Карло Анчелоти и неговиот стручен штаб. Тренерот на Реал откри дека, Едуардо Камавинга, добил незгоден удар и се уште не се знае за каква повреда станува збор.
„Што се случи со него? Се чини дека добил удар. Сè уште ништо не ми кажале, но изгледа дека добил удар“, изјави Италијанецот.
Камавинга веќе извесно време има проблеми со коленото, поради што во еден период паузираше два месеци. Натпреварот со Атлетико го напушти куцајќи, а лекарската служба ја утврдува тежината на повредата.