Џорџо Кјелини објави дека ја завршува професионалната кариера, а легендарниот дефанзивец веднаш доби неколку понуди да остане во фудбалот и по крајот на активното играње.
Американците му нудеа да биде дел од лигата, имаше понуда и од последниот клуб Лос Анџелес, додека Италијанската фудбалска федерација го сака Кјелини крај Буфон, за со своето искуство да му биде од помош на селекторот Спалети, но и да го крене имиџот на „аѕурите“.
На Кјелини ќе му биде понудено директорско место во таборот на „старата дама“. Останува да се види одговорот на екс-дефанзивецот, дали ќе сака да почека на поодговорна функција во Јувентус или ќе ја одбие „старата дама“ и ќе добие некоја од останатите понуди што ги има на маса.