Поранешниот италијански фудбалски шампион Јувентус наводно постигнал договор со Пол Погба за Французинот да стане слободен агент од почетокот на 2025 година.
Погба доби намалување на суспензијата од четири години на 18 месеци, па така од јануари може да се врати на тренинг, а од март на официјални натпревари, но очигледно во дресот на друг тим.
Преговорите меѓу двете страни почнале по одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, по што постигнале договор.