Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус брзо се увери во квалитетите на Франсиско Консеисао и веќе е донесена одлука за откупување на неговиот договор по крајот на сезоната.
Крилниот напаѓач дојде во Торино како позајмен играч од Порто, со клаузула за откуп на договорот со вредност од 30 милиони евра во текот на следното лето.
Консеисао импресионираше со своите неколку настапи во дресот на „бјанконерите“ и посебно со голот за важна гостинска победа против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, а впечатокот не го расипа ниту црвениот картон кој го доби на дуелот со Калјари пред паузата за настап на репрезентациите.