Јувентус доставил нова и подобрена понуда до Аталанта за холандскиот играч од средниот ред Тун Копмајнерс, пишува новинарот Фабрицио Романо.
Понудата на „бјанконерите“ за дваесет и шест годишниот играч во износ од близу 55 милиони евра со вклучени бонуси би го направила рекорден домашен трансфер во Серија А за играч од средниот ред. Претходната понуда на Јуве беше 45 милиони евра.
Како што е познато, Копмајнерс долго време беше мета на гигантот од Торино, а денеска од зборовите на тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини стана јасно дека холандскиот фудбалер најавил штрајк и одбивал да тренира со тимот, бидејќи сака трансфер во Јувентус.